Србија нема да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

„После една ваква срамна изјава на ЕУ, само уште една во низата, нема потреба Србија повеќе да учествува на самити за Западен Балкан“ изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.



Таа ја ја оцени како „срамна“ изјавата на портпаролот на Европската унија, Петер Стано, за именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово и изјави дека поради ова Србија нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана.

„Или ЕУ ќе почне да ги почитува вредностите што ги пропагира или повеќе нема потреба Србија да учествува во ваква фарса. Србија за прв пат нема да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи на 6 декември годинава во Тирана“, наведе Брнабиќ во писмената изјава.

„Чекавме да видиме што ќе каже Унијата за именувањето на Рашиќ и добивме уште една срамна изјава. Именувањето на Рашиќ не само што е во спротивност со Договорот од Брисел, туку и со волјата на народот изразена на изборите, што е најважна волја“, оцени Брнабиќ според која со назначувањето на Рашиќ, Приштина продолжува да ја „потценува“ јасно изразената волја на српскиот народ во Косово.