Во Србија до денеска се вакцинирани повеќе од два милиона граѓани против Ковид-19, потврди премиерката Ана Брнабиќ.
„Денеска стигнавме до два милиона вакцинации. Ова е заеднички успех на сите нас – на личната одговорност на граѓаните и на способноста на државата да набави вакцини и да спроведе масовна имунизација. Мораме да бидеме свесни дека ова никако не е крај, туку голем чекор во вистинска насока. Носењето маски и држењето растојание и понатаму се обврзувачки. Вакцинацијата и почитувањето на епидемиолошките мерки ќе нè доведат до конечна победа над коронавирусот“, порача Брнабиќ на Инстаграм.
Во последните 24 часа кај северниот сосед се регистрирани нови 4.226 позитивни случаи и 25 починати.






