Србија на нозе: Протести против отворање рудници за литиум (ВИДЕО)

Организацијата Еколошко востание одржа протести против плановите на Рио Тинто да отвори рудник за литиум во областа Јадар кај Лозница.



Најголемиот собир оваа сабота беше пред Владата на Србија, од каде беше порачано дека доколку до Божиќ не се избрише проектот „Јадар”, ќе следуваат блокади и „општа мобилизација“.

Протести се одржаа и во Сомбор, Горњи Милановац, Ужице, каде полицијата ги идентификуваше учесниците, но и новинарите, а во Врање имаше перфоманс против Рио Тинто.

Организаторите на собирот ги повикаа граѓаните на протест откако од Просторниот план на градот Лозница беше избришан рудникот за литиум на компанијата Рио Тинто, нагласувајќи дека тоа е „еден успешен чекор“, но дека се уште не веруваат на зборот на властите.