Србија започна со поставување жичана ограда на границата со Северна Македонија во близина на Прешево, што треба да спречи евентуални масовни нелегални гранични премини, потврдија претставници на локалната самоуправа во Прешево за Радио Слободна Европа .



„Сметаме дека оградата е во функција на дополнително обезбедување на границите на државите надвор од ЕУ од бегалците“, изјави Шиприм Арифи, претседател на општина Прешево кој за РСЕ рече дека изградбата на жичаната ограда е дел од договорот со Европската унија.

РСЕ не доби одговор од Министерството за внатрешни работи на Србија за жичаната ограда.