Србија и 5 земји против членството на Косово во Интерпол

Пет земји-членки на Интерпол се приклучија на Србија и побараа гласањето за членство на Косово да биде симнато од агендата на Генералното собрание на оваа институција.



Кина, Шпанија, Кипар, Аргентина и Суринам застанаа зад Србија во ова барање, пренесе Танјуг.

Според програмата, гласањето за апликацијата на Приштина за членство во Интерпол треба да се одржи утре во Дубаи.