Србија го одложува пописот за октомври?

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Србија, што требаше да се одржи во април, ќе биде одложен за октомври, дознава „Политика“ од националниот завод за статистика.



Се проценува дека поради пандемијата, најризични делови од пописот се изборот и обуката на околу 20.000 кандидати за инструктори и попишувачи, како и прибирањето на теренски податоци, затоа што 15.000 попишувачи треба да излезат и да го посетат секој стан и куќа и да го попишат целото население во рок од еден месец..