Србија е новиот европски шампион!

Женската кошаркарска селекција на Србија се искачи на континенталниот кров. Во големото финале на Европското првенство Србија одигра моќно против фаворизираната Франција и со победата од 54-63 приредија сензација и станаа шампионки на стариот континент.



Избраничките на Миљковиќ не се уплашија од аутсајдерската улога, тргнаа квалитетно во вечершното финале и уште од самиот почеток го презедоа водството, кое не го испуштија до последното огласување на сирената. Франција пак се мачеше со својот напад и реализира само 26 поени, што секако дека е премалку за еден финален натпревар.

Линк до целиот текст.