, Министерот за финансии на Србија Синиша Мали ги презентираша новите економски мерки и истакна дека најголем товар од кризата во економијата поради коронавирусот го презема државата, јави дописникот на МИА од Белград.
Предвидените мерки се во висина од 5,1 милијарди евра или 11% од буџетот на Србија.
„Пакетот мерки на владата се состои во одлагање на плаќањето на доспеаните даночни обврски, директна помош на претпријатијата во приватниот сектор, зачувување на ликвидност на стопанството и помош од 100 евра на сите полнолетни граѓани на Србија“, изјави Мали, кој додаде дека платите и пензиите нема да се намалуваат, јавува Б92.




