Припадниците на полицијата на Курти денеска во синхронизирани акции упаднаа на повеќе места во Метохија. Тоа се случило околу 11 часот, кога упаднале во Пеќ, Гораждевац и Исток, во Осојан во Здравствениот дом, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Нападнати се сите српски енклави во Метохија – рече Вучиќ.
Рече дека малтретирале луѓе пред аптеки, а упаднале и во Здравствениот дом во Осојан каде малтретирале луѓе.
– Одлуката за укинување на динарот е само формална одлука на таканаречената Централна банка на Косово, а во суштина тоа е одлука на Аљбин Курти да се закани со прогонот на Србите со најсилниот удар досега, протерувањето на Србите од нивните со векови стари огништа – рече Вучиќ.
Како што рече, Курти сака етничко чистење на српското население.
– Она што го прави Приштина е намерно подложување на Србите на неподносливи услови за живот – вели тој.
Како што рече, кога станува збор за укинувањето на динарот, од првиот бриселски договор до принципите што беа потпишани во 2015 година, до подоцнежните договори, во секој од тие акти најзначајна норма е правото на Република Србија да се финансираат одредени активности, здравство, едукација на населението на КиМ.
– Оваа одлука Курти ја донесе самоиницијативно со цел етничко чистење на српското население од Косово и Метохија. Тоа го прават секој ден, не можат да се смират и разбираат дека дијалогот е важен. Имаме и дијалог бидејќи Косово не е меѓународно призната држава – вели Вучиќ.
Како што наведува, „Курти очекува поддршка од Западот“.
– Имаме дијалог кој треба да доведе до нормализација на односите, а не етничко чистење што го имаме – рече Вучиќ.
Како што наведе, „проблемот е затоа што Курти се повикува на тоа дека тие се независна земја која може да го направи тоа, од друга страна јасно е дека не се“.
Србија ќе поднесе барање за итна седница на Обединетите нации за Косово.
Во понеделник сите претставници на земјите-членки на ЕУ и институциите на ЕУ и претседателите и премиерите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и Русија и Кина, ќе добијат писмо што тој ќе го потпише. Во него, вели, ќе укаже на акти на кршење на меѓународните правни норми и на она што Србија го бара од меѓународната заедница.
– Во согласност со Повелбата и деловникот на ОН, Србија во понеделник ќе поднесе барање за одржување итна седница на Советот за безбедност на ОН во врска со ескалацијата на потезите на Приштина. Се надевам дека мнозинството ќе гласа за тоа и дека седницата ќе се одржи. Нема да ги напуштиме меѓународните правни норми – рече тој.
Тој додаде дека верува оти тие што ја признаа независноста на Косово сега ќе гласаат и за таа седница да се одржи, бидејќи, како што рече, е убеден дека „добро ги разбираат последиците од криминалната одлука на Аљбин Курти да ги откаже платежните трансакции со Србија“.
На оние кои го обвинуваат Белград за насилствата извршени од Приштина, им порача дека таканареченото Косово прогласи независност, со поддршка на големите сили, во 2008 година, а не во 2013, 2018 или 2023 година.
– Сето тоа време успеавме да го одржуваме српскиот живот, максимално, на неговите огништа, плативме огромни пари, се боревме за нашиот народ. Мојата порака до тие луѓе е дека ќе продолжиме да се бориме, дека никогаш нема да ги оставиме на цедило, дека во согласност со Повелбата на ОН, во согласност со Уставот на Република Србија, Република Косово е дел од нашата земја, а за нас секогаш ќе биде – истакна тој.





