Србија ќе побара одржување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради грубото кршење на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН со одлуката на Приштина да формира таканаречена Армија на Косово.



Ова го соопшти министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Ова е најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и за безбедноста на српскиот народ што живее во Косово и Метохија“,изјави Дачиќ за Танјуг.