Во Књажевац, кај Зајечар, на истокот на Србија, полицијата вчера уапсила петнаесетгодишно момче поради основано сомнение дека сторило кривично дело загрозување на безбедноста, пишува онлајн порталот Зајечар.
Како што се дознава, тој на 3 мај испратил заканувачка порака до петнаесетгодишна соученичка, која таа ја пријавила во полиција.Осомничениот со кривична пријава е приведен кај судијата за малолетници на Вишиот суд во Зајечар.
Српски медиуми јавуваат дека во Врање, по претрес на куќа и по наредба на Вишото јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава против седумнаесетгодишник, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело незаконски производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста.
Се сомнева дека на социјална мрежа тој објавил фотографија од убиецот К.К. на 9 лица во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека ќе го стори истото.







