Срби од Косово тргнаа на гласање на изборите во Србија (ВИДЕО)

Србите од северот на Косово веќе од утрово во голем број се упатија на гласање во Србија на денешните претседателски, парламентарни избори …



Тие ќе гласаат на посебни избирачки места , поради одлуката на Албин Курти да го забрани гласањето на територијата на Косово.

Б92 објави снимка возила на граничен преминот, а одзивот е голем.

Тања Недељковиќ од Грачаница истакна дека одлуката за забрана за гласање на Косово е срамна.

„Отидовме да гласаме за да ја поддржиме нашата Србија. Срамна е одлука да се забранат изборите овде. Не ми е тешко да патувам во Куршумлија за да ја поддржам Србија“, рече Недељковиќ.