Срамота „Шкендија“: „Балисти“ надвор, ДУИ внатре!

„Да кажеме отворено и гласно, ФК ‘Шкендија’ треба да биде епицентарот на обединувањето на Албанците, но епицентарот беше Демократската унија за интеграција, присуството на оваа владејачка партија на зелениот терен беше срамно.“



Ова е реакција на Аријанит Џафери, активистот на невладините организации од Тетово по вчерашнaта промоција на фудбалскиот клуб „Шкендија“ на градскиот стадион во Тетово како нов фудбалски шампион на Македонија, кога шампионскиот пехар го крена и лидерот на ДУИ Али Ахмети, придружуван од повеќе свои партиски соработници и членови на партијата.

„Јас не сум навивач на ‘Шкендија’, ‘балист’, јас сум само обичен навивач, го следам тимот кога имам време, но ‘балистите’ кои ги оставаат своите работни места, семејствата, децата, црвено-црните кариери, не заслужуваат такво однесување. Трибините ќе се отворат, но навивачите и ‘балистите’ ќе се чувствуваат како странци! Срамота!“ – истакнува во своето писмено реагирање Аријанит Хоџа, кое го пренесе весникот „Лајм“.