Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ предизвика бес со карикатура во кој се исмејува Турција, откако земјата вчера беше погодена од два смртоносни земјотреси, јавува Агенцијата Анадолија
Споделена на Твитер „Карикатура на денот“, прикажува урнати и оштетени згради, превртен автомобил и планини од урнатини.
Во горниот десен агол на карикатурата пишува „Земјотрес во Турција“, а на дното: „Немаше потреба да се испраќаат тенкови!“
Корисниците на Интернет реагираа со бес и гнев на цртежот.
Шарли Ебдо е француски сатиричен магазин, исто така познат по своите карикатури кои го навредуваат исламскиот пророк Мухамед.






