Грчкиот новинар Јоргос Пападакис ја оценува како срамна одлуката на Министерството за култура и спорт на Грција за бришење од регистарот на културни институции на Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ од Воден.
„Политички, етички и правно НЕПРИФАТЛИВО. А ние имаме храброст да покажеме со прст кон Турција за владеење на правото, човековите и малцинските права.
Се осмелувам и на друга прогноза, за жал: ќе биде поништен судскиот налог од 2018 година со кој Македонското движење за унапредување на мајчиниот јазик ‘Крсте Мисирков’ е регистрирано во Регистарот на граѓански непрофитни здруженија. Нешто слично веќе е направено и со здружението ‘Кирил и Методиј’ во Долна Џумаја (Ираклион Серес).
Должност на сите граѓани на оваа земја кои не се чувствуваат како државјани на банана-република од третиот свет, да застанат на страната на специфичните унии и против овие безмозочни“, реагира членот на Централниот совет на „Виножито“, партија на Македонците во Грција.






