Срамно е странци да го расчистуваат криминалот во Македонија, велат од ВМРО-ДОМНЕ

Најголемата опозициска партија смета дека нема поолем пораз и признание дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во Македонија.



„Ова е само уште една јавна потврда дека токму функционерите од власта се најголемиот извор на криминалот и корупцијата во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму за тоа, креаторите на криминалот и корупцијата во Македонија да се справуваат со криминалот и корупцијата.

Десетиците случаи за корупција кои нема никаква разрешница, секојдневниот криминал, убиства и престрелките во Скопје, македонски пасоши за белосветски криминалци и нарко босови се само дел од листата на оваа власт, која над 5 години има апсолутна власт во државата.

Спасовски и МВР се сојузници и заштитници на криминалот во Македонија и за тоа се потребни оставки од Оливер Спасовски но и од цела криминална власт на СДСМ и ДУИ“, стои во соопштението.