Срамна политичка одлука на Македонскиот oлимписки комитет за Заев

Срамна политичка одлука на Македонскиот олимписки комитет за експремиерот Заев на настанот ,,ЖЕНИТЕ ВО СПОРТОТ – АКТИВЕН И ЗНАЧАЕН ДЕЛ ВО СТРАТЕГИЈАТА НА МОК”.



На настан посветен на најуспешните жени во македонскиот спорт претседателот на МОК Даниел Димевски му доделил признание на Зоран Заев за особен придонес во развој на спортот без да наведе каков е тој придонес.

Ако Димевски со признанието му се заблагодарува на Заев што со негова политичка помош стана прв човек на МОК тогаш треба да каже јавно затоа што во спротивно јавноста е манипулирана дека Заев навистина направил нешто за развојот на спортот а граѓаните тоа не го знаат.

Посебен скандал е што настанот е посветен на жените во спортот а Заев колку што е познато е маж.

,,Македонскиот Олимписки Комитет вчеравечер на свечената манифестација ,,Златна Олимпија,, ги прогласи најуспешните жени во спортот. Втората едиција ,, Златна Олимпија,, на едно место ги обедини најдобрите спортистки и спортисти, спортски менаџерки, спортски новинарки, женски тренери и судијки, но и претставници на Националните спортски федерации, амбасадори, претставници на македонската Влада, министри, поранешни премиери и други. На самиот почеток на настанот се додели признание на легендарните ракометарки од Кометал Ѓорче Петров, чија историска победа и Европска титула оваа година слави 20 години. Претседателот на Макеоднскиот Олимписки Комитет, м-р Даниел Димевски за особен придонес во развој на спортот му додели и на поранешниот Претседател на макеоднската Влада, г-дин Зоран Заев.

,,Златна Олимпија,, е кулминација на спортските достигнувања и успешните приказни на спортистките и жените во спортот за 2022 година. Преку овој настан се реафирмира заложбата за постигнување родова еднаквост како и еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и еднаква поддршка за сите спортистки и спортот во женска категорија” објави МОК.

Заслужено прогласените добитници на наградата Златна Олимпија за 2022 се:

Најдобра млада спортистка- Јадранка Темелкова (кикбокс)

Најдобар женски тренер-Симона Заборска (карате)

Најдобра женска репрезентација- Женска фудбалска репрезентација до 17 години

Посебно признание за животно дело – проф. Д-р. Ленче Алексовска-Величковска

Спортски подвиг за 2022- Катерина Шиповиќ (ултрамаратон)

Најуспешна спортска новинарка- Марија Ковачева

Најуспешна спортска менаџерка- Ирена Митровска (кик-бокс)

Најдобра судијка, Ивана Пројковска (фудбал)

Најдобра спортистка со попреченост, Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)

Најуспешна спортистка за 2022 година е Адријана Поп-Арсова (атлетски маратон)