Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби идни средби со американскиот амбасадор во Анкара, Џефри Флејк.



Имено, американскиот амбасадор претходно се сретнал со еден од кандидатите на опозицијата на изборите на 14 мај, Кемал Киличдароглу.

„Амбасадорот на Џозеф Бајден се среќава со Кемал?!
Срам да ти е, мисли со своја глава.нТи си амбасадорот.
Твој соговорник во оваа држава е претседателот.
Како ќе имаш образ после тоа да дојдеш и да побараш средба со претседателот?
Мојата врата е затворена за него, тој веќе не може да влезе“, рече Ердоган.