Амбасадата на Руската Федерација во Скопје за агенцијата „Спутник“ соопшти дека македонското државно раководство ја проучува можноста за купување на руската вакцина против корона.
Руските дипломати во втората половина на август го известиле министерот за здравство Венко Филипче за успешните резултати од тестирањето на вакцината „Спутник V“ во Русија. Тој бил запознат со можностите за организирање испорака на препаратот преку Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Ова прашање беше тема на разговор со премиерот Зоран Заев и со министерот за здравство Венко Филипче. Македонската страна засега ги проучува достапните материјали за вакцината ‘Спутник V’. Се договорија за сите прашања што го интересираат Скопје директно да разговараат експертите на Министерството за здравство и Рускиот фонд за директни инвестиции“, соопштија за агенцијата од Амбасадата.






