Сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, кој е повторно во притвор, се огласи на социјалните мрежи:



„И, да, тој штрајкува со глад, веќе цела една недела! Бегло беше соопштено ова како и да не е нешто многу важно, зарем не е? Борбата за правда да се води на овој начин, заради тоа што институциите на правдата немаат слух или намерно го изгубиле?
Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото ‘’уапси го Миле“ и …и што?! Се прашувам кај се милионите, не милијардите, кои биле украдени?!

Миле го судат само за наводно прекршување на процедури, се друго што ке слушнете е гола пропаганда.

Не барам милост! Јас барам правда!

Стотици прекршувања на процедури, на правила, на човекови права, прават обвинителството и судот.

Ова е изживување и ништо друго!“ – пишува, меѓу другото, Сања Јанакиевска во статусот на Фејсбук

https://www.facebook.com/sanja.janakieski/posts/10217179618896430