Тројца албански и двајца македонски државјани се уапсени доцна синоќа во голема полициска акција на МВР при која спречен е шверц на марихуана вредна околу 200 илјади евра.
Акцијата се одвивала во непосредна близина на граничниот премин Богородица, а потврда за неа има и од МВР.







