Синоќа околу триста средношколци се собрале на договорена тепачка во трговскиот центар „Бисер“, во скопски аеродром, но полицијата спречила голем инцидент, објави „А1он“.



Очевидци за порталот велат дека децата биле собрани во трговскиот центар и околу него, но полицијата брзо реагирала и успеала да ги разбие групите.