Синоќа, царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.
Имено,за излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице.
При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм.







