Повикувајќи се на меѓународен протокол професорката Тања Каракамишева Јовановска не може да поверува дека на министерката за одбрана Славјанка Петровска на официјална средба во Лондон наместо химната британскиот воен оркестар и ја свирел народната ,,Јовано Јованке”.
Според професорката ако е тоа точно (А Петровска објави дека е точно) се работи за подигрување со македонската држава
,,Чекајте, дали на Славјанка навистина и ја свиреле Јовано, Јованке на официјален прием во Лондон? Кажете дека е зафрканција, бидејќи ако е вистина ова е спрдачење со нашата држава левел 1000! 🙈🙈🙈”, пишува Каракамишева која прашува: ,,Што е ова, не стварно, дали е вистина? Читам и не ми се верува до кое дно дојдовме!”.
Чекајте, дали на Славјанка навистина и ја свиреле Јовано, Јованке на официјален прием во Лондон? Кажете дека е зафрканција, бидејќи ако е вистина ова е спрдачење со нашата држава левел 1000! 🙈🙈🙈
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) March 8, 2022
Несвирењето на македонската химна на официјалната средба во Лондон доаѓа по неколку инциденти со химната во која беше прескокнуваат првата строфа со Гоце Делчев по што кај дел од јавноста постои чувство дека власта намерно ја избегнува химната со цел да не се иритира Бугарија.
Министерката Петровска објави видео од настанот од кое се гледа дека навистина се свири Јовано Јованке. Во твитот не се објаснува зошто не е свирена химната.
Огромна чест е кога на церемонијата за пречек, британскиот воен оркестар ја изведува нашата “Јовано, Јованке”. Благодарам за честа до мојот британски колега, Бен Валас. Сојузниците се посилни заедно. #StrongerTogether pic.twitter.com/B1T3MMSkpu
— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) March 8, 2022
Приврзаниците на СДСМ тврдат дека изведбата на ,,Јовано Јованке” не е грешка затоа што според дипломатскиот протокол кога се работи за стоење на функционери се свири химна а кога се прави смотра на војници во движење се свири чекорница.
Видеото:
Во некои коментари на читатели на темата на шега се предлага следниот пат да се свири ,,Черешна се од корен корнеше”.
https://www.facebook.com/667988173255109/posts/4948397455214138/






