Спотот на премиерот за Коледе чини 10 пати повеќе од подароците за коледарчињата на Бадник (ВИДЕО)

Премиерот Ковачевски утринава на ден Бадник кога треба да се биде скромен објави видео кое очигледно е изработено од скапа продукција а во кое се гледа како пречекува коледарчиња.



Според квалитетот на спотот и начинот на негова изработка тој чини многу повеќе од подароците за коледарчињата на Бадник.

Познавачи на видео продукцијата велат дека се работи за видео спот кој е изработен од професионалци односно дека некоја сериозна продукција го снимила и го монтирала спотот за празникот кој треба да биде израз на скромна почит кон верата и традицијата.

Според експертите спотот сигурно чини десетици пати повеќе од подароците што Ковачевски им ги дава на коледарчињата.

Тие анализираат дека за спотот се направени соодветни подготовки кои чинат многу како на пример осветлување и украсување на ходникот каде што живее премиерот и поставување на соодветни материјали кои се дел од продукцијата.

Во Македонија ретко се случува граѓаните да го украсуваат ходници за Бадник во заеднички простории.

Спотот за кој јавноста не знае дали е платен од џебот на Ковачевски или од владини пари може да се види на овој линк

Како изгледа обичен настан за чија промоција не се платено скапо пари односно е направен аматерски може да се види од вчерашната посета на Ковачевски на Попова Шапка.

Разликата во квалитетот и цената на чинење на пропагандата е повеќе од очигледна