Тренирањето кај ќе стигнат на сите возрасни погони на фудбалскиот клуб Вардар наскоро ќе стане минато благодарејќи на излегувањето во пресрет на Општина Аеродром на најтрофејниот македонски клуб, чија нова база ќе биде игралиштето кај СЦ „Јане Сандански“.
„На моја и на иницијатива на претседателот на Советот на Општината, Дејан Митески, FK Vardar ќе добие нов спортски терен во Аеродром, каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Komiti Skopje, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“. Oчекувам по завршување на соодветната законска постапка, овој спортски терен да биде ставен на располагање за потребите на навивачите и клубот. Да го поддржуваме македонскиот спорт и да се радуваме на нови успеси!“, објави на Фејсбук градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.






