Спортклуб и Аренаспорт воведуваат македонски коментатори

Конечно љубителите на фудбалот ќе можат го следат елитниот спорт на македонски јазик.



Владата синоќа го задолжи АЕК (Агенција за електронски комуникации) во рок од три месеци да овозможи сите содржини на програмата на спортските канали Аренаспорт и Спортклуб да се емитуваат на македонски/албански јазик.

Владата има обврска да го штити македонскиот јазик од надворешни влијанија и преку спортот, па по неколку години заложби и иницијативи преземен е содржините во нашата земја да се емитуваат на официјалниот јазик во етерот.

„Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, ќе формира работна група со релевантни институции и ќе пристапи кон изнаоѓање начин за спроведување на заклучокот за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Северна Македонија преку јавни комуникациски мрежи и ќе ја извести Владата во рок од три месеци за оваа можност“, се вели во заклучокците по седницата.

Спортските фанови, новинарите и коментаторите од нашата земја веќе подолго време апелираат да се реши оваа законска одредба, па веројатно со почетокот на следната сезона, елитен спорт во нашата земја ќе гледаме и слушаме на македонски/албански јазик.