Спорт: Катарците ќе му платат 100 милиони на Меси да остане во ПСЖ

Првиот човек на француски Пари Сен Жермен, Катарецот Насер Ал Келаифи, подготвил 100 милиони евра за Лионел Меси да остане во наредните две години во „Пари Сен Жермен“, пишува Спорт 1.мк.



Новиот договор на Аргентинецот, кому договорот му истекува на лето, ќе му биде понуден по Нова година.

Меси нинатото лето дојде како слободен играч од Барселона, откако Каталонците не успеаа да го регистрираат среде големата финансиска криза и во Париз заработува 40 милиони евра годишно.

Меси во Катар покажа дека сè уште во него има фудбал на највисоко ниво и успехот со Аргентина го премисли за пензијата од националниот дрес, а сега веројатно ќе се реши да продолжи да игра во европскиот фудбал и да се обиде да освои уште некој пехар во Лигата на шампионите, а парижаните веќе неколку сезони се меѓу главните фаворити.