Со месеци веќе се разговара на ниво на министерства меѓу двете страни, може ли накратко да се дефинира кон е проблемот? Што е најспорното прашање?
„Спорно е сè што излегува од рамката“, е краткиот одговор на министерот за надворешни прашања, Бујар Османи, на прашањето на Радио слободна Европа кој е проблемот во односите меѓу Македонија и Бугарија која стави вето на преговарачката рамка на земјава со ЕУ. Особено што и премиерот Зоран Заев неоадмна рече „Треба да го решаваме проблемот со Бугарија, кој што не знам кој е“!
„Спорни се разликите во очекувањата. Прво во однос на договорот, разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата. И мислам дека тука договорот можеби не ги има прецизно дефинирано, бидејќи договорот не предвидува временска динамика, ниту договорот предвидува одредени бенчмаркови кои треба да се реализираат во одреден период. Тука е оставено на добра волја на двете држави да ги надминат разликите и да најдат заеднички точки како заедно во едно нов сојуз, како што се НАТО и ЕУ. Е тука во овие непрецизно дефинирани прашања секој има различни очекувања и тие очекувања очигледно кај луѓето, кај државите создаваат немир и анксиозност, бидејќи секој сака да има предвидливост во процесот. Кога нема предвидливост, тогаш секој излегува со своја агенда, тогаш и предизборниот период ги влошува тие состојби и затоа сметам дека се враќаме на договорот, создаваме предвидливост во имплементацијата и тука мислам дека ќе се расчистат дилемите по однос на тоа кој, што очекува“ вели османи за РСЕ.






