Спорни одредби: Се повлекуваат два од 4. договори за стратешко партнерство во енергетиката

Ќе се повлече ли предлог законот за новата централа во Железара што треба да ја гради грчки Митилинеос?! По реакциите во јавноста од министерството за економија, кое е официјално предлагач на четирите закони за стратешки инвестиции, најавуваат дека ќе бараат повторно да се разгледа еден од нив, но без да го наведат. Сметаат дека треба повторно да се преговара со инвеститорот, а не исклучуваат и дека ќе бараат да се повлече од собраниска процедура и повторно да се врати на доработка во Влада. Од ресорното министерство сметаат дека е спорно лиценцирани, рентабилни и профитабилни инвеститори да добиваат државна помош во повеќе варијанти.



– Никаде го нема тоа, еден инвеститор кој добил државна помош во смисла на гарантиран откуп на електрична енергија, да добие и директна државна (финансиска) помош, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

  • „Мислиме дека таквите инвестиции веќе ја користат државната помош од страна на Владата во вид на фидинг тарифи и договори за откуп на електрична енергија од ЕСМ, и дополнителна државна помош би било спорно и не знаеме дали има ваков пример во регионот и пошироко, за една инвестиција да има една или три видови државна помош и многу внимателно треба да се разгледаат тие барања и предлози за стратешките инвеститори“, велат од министерство за економија.

За економија не е проблем тоа што инвеститорите ќе бидат ослободени од одредени давачки, не гледаат ништо спорно ниту во тоа што ЕСМ е обврзана да ја купува електричната и топлинска енергија, но сметаат дека не е фер тоа што покрај сите поволности една фирма ќе добие и државна помош во вид на финансиска поддршка.. Според предлог законот државата на Митилинеос ќе и даде и 50 милиони евра како директна финансиска поддршка, без да добие удел во централата.

Неделава Здружението на инженери доставија писмо до секој пратеник поединечнко, со апел да не гласаат за овие договори, од кои милионска добивка ќе имаат само странските инвеститори. Во договорите, на инвеститорите покрај уредено земјиште со платени комунилии, државата се обврзува да им ги плаќа и сите давачки, и такси, како и даночни ослободувања.