Спорна историјата од средниот век, вели Димитров

Се појавија тензии на почетокот на преговорите меѓу Бугарија и Македонија за „спорните точки“  во „нашата заедничка историја“, вели професор Ангел Димитров, шеф на бугарскиот дел од Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Македонија.



„Работата ќе биде напната и нема да е брза колку сакаме, но со очекуваат резултати. Нема големи претензии од страна на колегите од Скопје, нашите забелешки се многу повеќе, но има изградени позиции кои во научна дискусија не се менуваат лесно “, рече историчарот и поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје, пренесува БГНЕС.

Комисијата започнала со работа врз учебниците за основно образование.

Димитров вели дека бугарските забелешки се однесувале на историјата од средниот, каде се воспоставува врската на бугарската држава со географската територија на Македонија