Нова изјава – гаф на премиерот Заев која може да се доживее како навреда за земјите кои нема да примат бегалци од Авганистан.
Според неговите информации Македонците имале поголеми срца од другите што одбиваат да примат бегалци односно Македонија е похуман држава од сите други што одбиваат.
Предходно францускиот претседател Макрон, австрискиот канцелар Курц, словенечкиот премиер Јанша, унгарскиот премиер Јанша и други најавија дека нема да примат бегалци од Авганистан.
“Македонија ќе прими бегалци од Авганистан, кои дел ќе останат одреден период, дел ќе заминат од земјава, по бегството од Авганистан”, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека на овие лица нема да биде нудена работа во нашата земја.
„Имаме поголемо срце од останатите, затоа примаме Авганистанци. Нашиот регион имал траорно минато и знаат колку е важна помошта, некој да ти понуди рака. Ги носиме трошоците на превоз од аеродром до хотелите, бесплатен преглед и ако има потреба за други активности. Нема потреба да нудиме работа“, истакна Заев во изјавата.






