Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, денеска поднесе оставка отворајќи можност новиот привремен кабинет да организира предвремени избори, објави „Вашингтон Пост“.



Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, весникот наведува дека македонските пратеници ја прифатија оставката без многу дебата, пред да гласаат за изборот на техничка Влада која ќе ги организира изборите закажани за 12 април.

„Заев побара предвремени избори изразувајќи разочараност и гнев по одлуката на ЕУ лани да не започне преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, истакнува Вашингтон пост.