Според ставот на хрватскиот премиер Пленковиќ, Заев е шарлатан

Во врска со можноста тој да стане и премиер и министер Пленковиќ вели дека секој сериозен знае да направи разлика меѓу шарлатанство и сериозна политика кога станува збор за вршење две функции, премиерска и министерска во исто време.



Пленковиќ својата изјава ја даде денеска откако хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Јуриќ стана генерална секретарка на Советот на Европа по што Хрватска остана без шеф на дипломатијата.

На Пленковиќ идејата во исто време да биде и премиер и министер му е шарлатанство.

„Јас не мислам, како некои други на хрватската политичка сцена дека е добро да се акумулира улогата на претседателот на владата и други министри. Мислам дека секој сериозен знае да направи дистинкција меѓу шарлатанство и сериозна политика“, изјави Пленковиќ пред хрватските новинари.

Пред неколку дена македонскиот премиер Заев најави дека ќе биде и премиер и министер за финансии по што мораше да се откаже од идејата затоа што со тоа ќе го прекршеше законот за државна управа.

Грчкиот премиер Ципрас краток период по повлекувањето на Коѕиас од министерската функција на почетокот на годинава ги вршеше двете функции премиер и министер поради што квалификацијата шарлатан на Пленковиќ важи и за него.