Според Шилегов Сарафов го убил Ѓорче Петров 14 години по својата смрт (ВИДЕО)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов направи нов гаф, овој пат во емисијата Само Вистина на Канал 5 каде што се обиде да објасни дека екс градоначалникот Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ направиле грешка кога во општина Ѓорче Петров именувале улица според наводниот убиец на револуционерот Борис Сарафов.



За Шилегов именување на улица според Сарафов било перверзија и лудило на ВМРО.

Проблемот е што за Шилегов да е во право Сарафов требало 14 години по својата смрт да станал од гробот за да го убие Ѓорче Петров.

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека Шилегов подобро од македонска историја познава некои други области од животот.

https://www.facebook.com/137339409618867/posts/2873355939350520/