„Денес, сите ние можеме гордо да зборуваме за успесите кои ги постигнавме и тоа за само две и пол години. Денес ние со факти можеме да потврдиме дека 2.5 е повеќе од 11. Затоа што за само 2 и пол години направивме многу повеќе од 11те години на ДПМНЕ“ изјави на прес-конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
Факт е, вели Петров, дека ја вративме нашата земја на мапата на светот. Денес светот зборува позитивно за нас и сите не посочуваат како блескав пример во регионот. Факт е дека нашите економски политики носат резултати и граѓаните ги чувствуваат придобивките преку зголемени плати, намалени трошоци, преку мерките за поврат на средства и помошта на најранливите категории на граѓани, рече Петров.




