Според првите 6 кластери на агрегаторот time.mk ВМРО-ДПМНЕ е виновно за катастрофалниот ЕУ извештај (ФОТО)

Според првите дваестина вести на најпосетениот агрегатор на вести во Македонија time.mk ВМРО-ДПМНЕ е виновно за катастрофалниот ЕУ извештај.



Во дури 6 први кластери со вести, вкупно околу 24, се објавуваат ставови на различни функционери на СДСМ кои тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за катастрофалниот извештај на Европската Комисија во кој владата е оценета со многу нули и единици во различни области.

Вестите кои се дел од пропагандниот обид на СДСМ да ја намали штетата од за нив страничниот извештај од Брисел сега се поделени во дури 6 кластери и кога некој читател ќе го отвори агрегаторот Тајм.мк (time.mk) може да помисли дека ВМРО-ДПМНЕ навистина е виновно за оценките со кои ЕУ ја оценува владата.

Вообичаено вестите на овој агрегатор кои кога се однесуваат на една тема се ставаат во еден или некогаш два кластери, но во случајот, намерно или не, сите лоши вести за ВМРО-ДПМНЕ на тиме.мк се во првите 6 кластери.

Сите вести во тие 6 кластери се од медиуми под контрола или под влијание на СДСМ.

Зошто алгоритмот или менаџментот на time.mk денеска во своите ударни страници му прави ,,мечкина услуга” на СДСМ засега не е јасно.

Дури и тие што влегле на тајм.мк и ги виделе вестите кои се објавени како по нарачка од СДСМ, на други медиуми веќе виделе дека одгорноста на СДСМ не може да биде избегната затоа што ЕК ги оценува чекорите на владата а не на опозицијата.

Поврзани вести

Сериозни обвиненија

Генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ обвинет за додавање ,,зачин” во милионски државни тендери (ВИДЕО)