Според „пописот“, над 30 илјади Роми, Турци, Срби, Власи не си го знаат мајчиниот јазик (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Crowd of people walking on the busy city street.

Анализа на пописните резултати од профилот @Демир објавена на Твитер укажува на сериозни нерегуларности не само кај Македонците туку и кај помалите заедници освен кај Албанците.



Компаративната анализа направена на база на бројките дадени од Заводот за статистика покажува над 30 граѓани Роми, Срби, Турци и Власи кои не ги познаваат мајчиниот јазик.

,,🎙️Дали знаете дека според пописов на Апостол и Илми во Македонија има :

📍14 712 РОМИ што не знаат РОМСКИ,
📍12 595 СРБИ што не знаат СРПСКИ,
📍8238 ТУРЦИ што не знаат ТУРСКИ,
📍5563 ВЛАСИ што не знаат ВЛАШКИ

🤣Ова е некој НОВ ФЕНОМЕН, немам друго објаснување”, пишува во ,,твитот на денот”.

Предходно беше објавено дека 7000 луѓе во Струга со мајчин јазик македонски не се наоѓаат во графата Македонци за етничка припадност.

Инфомакс за 7 илјади ,,исчезнати” со мајчин македонски јазик од графата ,,Македонци”