Според Пендаровски, роднините на обвинетите за „Монструм“ лажат за средба со него

Претседателот Пендаровски индиректно ги обвини роднините на убијците од Монструм дека лажат кога тврдат дека се сретнал со нив и им рекол дека ако се дознае вистината во Македонија ќе има големо крвопролевање.



“Ова можам да му го кажам во очи на Пендаровски каде сака, тука, во Америка и каде сака. Ова се случило за време на Шарената револуција, за ова има и други сведоци. Кога сака може да се соочиме и каде сака” рече вчера роднина на осудените Бедри Ајдари во емисијата Клик Плус на ТВ21.

Од Кабинетот на Пендаровски денеска ја демантираа ваквата изјава.

-Пендаровски ја разбира болката на семејствата кои ги изгубија своите деца и најблиски во убиството кај Смилковско езеро, како и желбата на семејствата на обвинетите да се открие вистината за целиот тој настан. Претседателот Пендаровски секогаш се залагал и за овој и за сите други кривично-правни настани вистинските извршители да ја добијат заслужената казна и никој невин да не лежи во затвор, ако за тоа нема докази утврдени во судска постапка. Меѓутоа, претседателот Пендаровски, во врска со случајот „Монструм“, никогаш немал средба со семејствата на обвинетите, ниту пак има какви било информации и сознанија во врска со убиствата, добиени од домашни институции или од странски извори, ниту во периодот пред да биде избран за претседател ниту потоа, велат од Кабинетот на Пендаровски за медиумите.

Што точно изјави Ајдари за средбата со Пендаровски кога тој беше пратеник.

Ќе има војна ако се дознае вистината: Пендаровски на роднините од Монструм