Според Пендаровски, фармацевтските гиганти нè заборавија за вакцините бидејќи сме мал пазар?!

Претседателот Стево Пендаровски ја детектира причината што во Македонија сè уште нема абер од вакцини против Ковид-19, иако во многу држави вакцинацијата почна уште пред Нова година.



„Јас сум првиот кој кажа дека не смееме да бидеме последни кои ќе ја примат вакцината против Ковид-19. Во Србија има претставништво ‘Фајзер’ и затоа вакцинацијата тече. За жал, Западниот Балкан е исклучок од вакцинацијата. Ние бевме, практично, заборавени пред сè од големите фармацевтски компании, на кои им е битен профитот. Во нашите преговори со ‘Фајзер’ и со ‘Астра Зенека’ прво прашање кое беше поставено од нивна страна е колкав број на жители сме и дека сега во моментов нивен интерес се големите пазари. Ние не сме единствените каде не е започната вакцинацијата. Такви се и Босна, Албанија, Црна Гора“, изјави Пендаровски во интервју за ТВ Клан.