Според пејачката Рита Ора, „сега е Косово, но беше дел од Албанија“! (ВИДЕО)

Контроверзната британска пејачка, текстописец и актерка со албанско потекло Рита Ора во американски подкаст предизвика „земјотрес“, посебно во Србија, со тврдењето дека Косово било дел од Албанија.



„Родена сум во Косово, во Албанија – добро, сега е Косово, но беше дел од Албанија – а потоа се преселив во Лондон кога имав една година“, ги просветли таа гледачите на подкастот „Диар медија“ и историчарите, по што следуваа лавина реакции, навреди и поуки, најмногу од Срби, откако делови од интервјуто осамнаа на Тик-ток.

Рита Саатчиу, чиишто родители Вера и Бесник подоцна ѝ го додале Ора, што на албански значи „време“, заради полесно изговарање, е родена во Приштина на 26 ноември 1990 година, кога Косово беше дел од СФР Југославија.