Репрезентацијата на Хрватска од 16 часот ќе игра против Јапонија во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Победникот од овој натпревар во четврт-финалето ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја кој се игра вечерва од 20 часот.
Според обложувалниците Хрватска во овој меч влегува како благ фаворит . Јапонија никогаш досега не успеала да го помине осминафиналето, а на Хрватска ѝ успеа тоа во двата наврати.
Јапонија влезе во осминафиналето како прва селекција во својата група пред Шпанија, Германија и Костарика.
Хрватска се пласирашењ како втора во својата група, зад Мароко и пред Белгија и Канада.






