Според пораките и ликовите на учесниците на средбата меѓу ЕУ амбасадорот во Скопје и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ разговорот не минал во многу пријатна атмосфера.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со амбасадорот на ЕУ објави дека на европскиот дипломат му пренесол дека не е европски Македонија да биде уценувана со својот идентитет за да почне преговори со Унијата.
“На средба со претставникот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир (@AmbassadorEU) посочив дека не е европски Македонија да се условува за јазикот, идентитетот и историјата, кои се дел од личната карта на еден народ. Имаме право на своите идентитетски обележја.
Алармирав на сѐ поголемиот хаос во државата создаден од Заев, на кој му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите блиски нему одошто државата.
Лошото справување со здравствената криза се докажува со огромниот број починати и заразени, a здравствениот систем е пред колапс”, напиша Мицкоски по средбата.
Лидерот на опозицијата не открива каков одговор добил од Гир ниту пак амбасадорот на ЕУ досега не објави твит за средбата со Мицкоски и потпретседателот Александар Николовски.
На средба со претставникот на ЕУ во Македонија @AmbassadorEU посочив дека не е европски Македонија да се условува за јазикот, идентитетот и историјата, кои се дел од личната карта на еден народ. Имаме право на своите идентитетски обележја. pic.twitter.com/1y7Gaao7tR
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) December 10, 2020





