Македонски јазик во Бугарија зборуваат 188.000 луѓе, посочува Кампањата за јазична разновидност, проект финансиран од Европската комисија (2012-2013).
На мапата со која се илустрира раширеноста на јазиците македонската држава се именува како Република Македонија, а застапеноста на македонскиот јазик во Бугарија е лоцирана во пиринскиот дел.
Според Кампањата, во Македонија, каде што е официјален јазик, македонскиот има 1.288.000 говорници, а како јазик на малцинството, покрај во Бугарија, на европскиот континент го зборуваат и 47.000 луѓе во Србија, 40.000 во Грција, 5.000 во Албанија, 4.400 во Словенија, 4.300 во Хрватска и 700 во Романија.
Кампањата во делот за македонскиот јазик во Бугарија се коси со бугарскиот став дека таков јазик не постои, а „официјалниот јазик на РСМ“ е западен дијалект на бугарскиот.





