Оперскиот пејач и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Игор Дурловски, на својот Фејсбук-профил му се обрати на Денко Малески.
Парафразирајќи ја изјавата на Зоран Заев тој на шега вели дека Малески е загубен во просторот а во исто време оди по жица со што може да се алудира на ексминистерот како циркуски работник што оди по жица.
„Деновиве, господинот Малески, изгубен во времето си го барал семето, одејќи по жица“, напиша популарниот Дурло.





