Пламен Павлов, професор по историја на Византија и на балканските земји од 4 до 15 век при универзитетот во Велико Трново, во својата анализа за бугарскиот весник „Труд“ го опсервира одиумот во Македонија во однос на културните клубови на Бугарите именувани по фашистичките соработници Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети.
„Неколку зборови за неодамнешната демонстрација на непријателство кон Бугарија и бугарската заедница во Северна Македонија – усвојувањето на т.н. Закон за фондации, со кој на бугарските клубови во Битола и во Охрид им беше даден ултиматум во рок од три месеца да ги променат своите ‘скандалозни’ имиња ‘Иван Михајлов’ и ‘Цар Борис Трети’. Побаран за мислење, го изразив моето категорично несогласување – и со оцрнувањето на двете видни историски личности, како и со односот на властите кон клубовите на македонските Бугари. Секако, повторно имаше реакции во северномакедонските медиуми. Па, сепак, што е скандалозното со Иван Михајлов, кој целиот свој живот го посветил за слободата на Македонија? Или, пак, со Цар Борис Трети, наречен Обединител и една од најпопуларните личности во Македония во тие години? Притоа, имињата на двата клуба не се дадени од Бугарија, туку од самите нивни членови, кои очигледно не ја делат тезата за ‘бугарските фашисти’, туку имаат семејно сеќавање за слободата донесена од бугарската власт во 1941-1944 година. Власт која официјалните ‘фактори’ во Скопје продолжуваат да ја етикетираат како ‘окупација’“, коментира Павлов во написот насловен „За ‘жителите на небесата’, ‘скандалозните имиња’ и божјите заповеди“.
Дали ако бидат дадени нови, ‘прифатливи’ имиња на културните клубови, нема да се најдат други причини за притисок врз македонските Бугари незасегнати од отровот на македонизмот? Имињата се едноставно предлог за прекин на духовната врска со Бугарија. Но, ако некој има илузија дека ќе ги истреби Бугарите и бугарското сеќавање во Македонија, не сфатил…“, заклучува тој.






