Британскиот професор Џејмс Петифер, кој предава балканска историја на колеџот „Сент Крос“ во Оксфорд, ја поврза американската амбасада во Скопје со вчерашните приведувања високи претставници на опозицијата во Македонија.
„Опозициските претставници Јанакиески и Димовски меѓу уапсените утрово. Амбасадата на САД претседава со развивањето еднопартиска држава“, напиша Петифер на Твитер.






