Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека Албанците на пописот не може да бидат помалку од 25 отсто затоа што во последно време бил зголемен наталитетот кај нив.
Во интервју за гостиварската локална телевизија ТВ Глоби Ахмети изјавил дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година.
Бројката ја објаснува со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен.
Ахмети тврди посочи дека сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани. Тој уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа, па така сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени. Ахмети зборувајќи на темата појасни и како се попишува дијаспората.
“Во врска со пописот имаше дебати, вклучително и јавни дебати. Тоа е статистичко прашање, а не политичко претпријатие, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ. Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја”, објаснува претседателот на ДУИ.




