Кандидатот за градоначалник на Благоевград, Атанас Кирјаков-Војводата, со повеќе македонски „маркери“ во својата понуда за локалните избори во Бугарија на 29 октомври.
„Како градоначалник на Благоевград /престолнината на Пиринска Македонија/ ќе отворам Македонски клуб во центарот на Благоевград и ќе поставам споменик на македонскиот крал Александар III Македонски, во културниот календар на Општина Благаевград свечено ќе се слават сите македонски празници и сите македонски херои, како главен настан ќе биде прославата на 2 август /Илинден/.
Во сите училишта, градинки и во администрацијата на територијата на Општина Благоевград во центарот на вниманието ќе бидат поставени портрети на Македонците од антиката, од преродбата, Илинденците и борците за национална слобода.
Во образованието на граѓаните на кои бугарскиот не им е мајчин јазик, покрај задолжителното изучување на бугарскиот јазик, ќе го изучуваат и користат својот јазик.
Вклучување на сите етникуми во процесот на донесување одлуки од страна на општината преку трансопарентност на работата.
За лицата кои имаат статус на репресирани согласно Законот за политичка и граѓанска рехабилитација на репресирани лица, општината ќе посвети внимание и ќе се грижи за нивната социјална и здравствена состојба.
Општина Благоевград ќе биде општина на граѓаните на општината во која ќе бидат заштитени индивидуалните и колективните права и слободи на граѓаните согласно Уставот на Бугарија и меѓународните конвенции“, порача македонскиот активист, еден од основачите на ОМО „Илинден“ и кандидат за „кмет“ на Националното движење за права и слободи.






