СПМ: Шоферот на Заев стана полициски началник

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го потценува и не го почитува работното искуство на професионалците во МВР, а тоа е така бидејќи како партиско подобен за “НАЧАЛНИК” во Сообраќајна Полиција” при СВР Скопје го поставил “ШОФЕРОТ” на поранешниот премиер, Зоран Заев“, реагира Синдикатот на Македонската полиција (СПМ).



Од позиција на (помлад полицаец) – возачот на поранешниот премиер Зоран Заев и воедно зет на поранешниот директор на БЈБ Лазе Велковски, дирекно е унапреден во раководството на Сообраќајна полиција Скопје за началник“, реагира СПМ во бјава на Фејсвук.

Од Синдикатот сметаат дека ваквиот “избран кадар” неможе да се случи во транспарентна постапка, „туку само кога функционира тесно партиска и фамилијарна линија преку давање предност како и во овој случај кога е дадена поради спрегата помеѓу возач со поранешен премиер и воедно зет за ќерка на поранешниот директор на БЈБ…

Го прашуваме Министерот г-динот Спасовски, дали послушните партизирани комисии за унапредување и распоредување и ноќе работат ама со посебен терк од оној законскиот? и дали се функционира на пример од кога ќе им се јави моќен функционер веднаш истите се должни да постапат по желби и амбиции на шофери и зетовци, а кој во МВР со функции се стекнуваат од само по некоја година работен стаж и без доволно работно искуство од позиција (помлад полицаец)“ се вели меѓу другото во реакцијата на Суиндикатот на полицијата на Македонија.